ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Милошоски: Се злоупотребува европското знаменце за предлог законот за марихуана

Сметаме дека ова е скандалозен чин со којшто по којзнае кој пат се злоупотребува европското знаменце за теми кои немаат никаква унифицирана регулатива во Европската унија, рече денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски и меѓу другото додаде:

Зошто овој закон е скандалозен, не само заради европското знаменце, туку  и заради тоа што премиерот ја приватизира Владата за носење на закони кои значат бизнис профит за неговото потесно семејство. Најголемиот дел од бизнисот со садење на марихуана, и веројатно и продажба на црно на таа марихуана во Македонија го водат Трајче Заев, Бобан Заев и Радиша Заев и многу неформални плантажи кои не гласат на нивна сопственост се управувани од овие луѓе.

Затоа апелираме и до Делегацијата на Европската унија и во Европската комисија во Брисел, да го стопираат ваквото злоупотребување на европското знаменце за приватните бизнис интереси на Заев и на Ахмети. Владата во изминатиов период покажа дека европското знаменце го третира само како една валкана крпа со којашто ги покрива криминалните предлог знакони коишто за Заев и Ахмети значат бизнис профит, за Македонија значат губење на имоџот, а за младината голема штета и ризик“, рече Милошоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button