ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Милошоски: Собранието да усвои декларација за потврдување на македонскиот идентитет

Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска предложи македонското Собрание, како контра одговор на бугарското Народно собрание, да усвои една заедничка декларација во која што идентитетот на македонскиот народ, посебноста на македонскиот јазик и сите други културни и национални обележја би биле заеднички потврдени и со самото тоа, како што вели, афирмирани како дел од европските вредности на културните и националните идентитети на овој континент.

Advertisements

– Европа и нејзиното мото обединети во различностите би требало да важи и за Македонија и сметаме дека за тие прашања не би требало да има преговори, напротив тие прашања треба да бидат поддржани  од сите политички партии во Република Македонија дека не треба да се преговара, напротив треба да бидат афирмативни. Мислам дека Собранието би било добро како контра одговор на Бугарското национално собрание да усвои една заедничка декларација во која што идентитетот на македонскиот народ, посебноста на македонскиот јазик и сите други културни и национални обележја би биле заеднички потвредени и со самото тоа афирмирани како дел од европските вредности на културните и националните идентитети на  овој континент, рече Милошоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button