ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мината точно една година откако врнежите од град во Полошко ја уништија 100% жетвата на земјоделците на нивите

Мината точно една година откако врнежите од град во Полошко ја уништија 100% жетвата на земјоделците на нивите

Мината точно една година откако врнежите од град во Полошко ја уништија 100% жетвата на земјоделците на нивите. Имаше посета и од заменик-министерот за земјоделство, како и од други институции и нивни претставници, при што беа дадени многу ветувања. Сепак, земјоделците велат дека една година подоцна – останале само со тие ветувања. Едвај успеваат да ги отплатат долговите во земјоделските аптеки, каде што земале средства на сметка на државата, под изговор дека ќе следува обесштетување.

Advertisements

„Имавме штета сто проценти, тоа го докажавме со фотографии, со документи, со медиуми кои беа присутни. Сè предадовме во Министерството за земјоделство, но реализација на тие ветувања – речиси една година, не се мрднало од нула. Само празни ветувања. Пари за несреќата што ја имавме лани од градот, никој – ни денар не добил. Сè уште сме заглавени во долгови од минатата година во земјоделските аптеки за семе, вештачко ѓубриво и друго што земавме за сеење“, рече еден Земјоделец.

„За жал, имаше само ветувања – реализација нема. Помина тешка година и за нас и за другите земјоделци. Сме во долгови во аптеките, се обидуваме годинава некако да ја издржиме, ама до каде ќе стигнеме – не знаеме. Апелираме барем да ни помогнат да ги подмириме долговите“, рече Земјоделец.

Една година по оштетувањето на земјоделските култури во Тетово, досието од општина Тетово е комплетирано и ја помина второстепената комисија на Владата.

„Предметот доставен од Општина Тетово е комплетен и во наредните денови ќе ја информирам Владата за ова, со цел потоа Владата да донесе одлука за обесштетување на штетите на земјоделците врз основа на Законот за заштита и спасување. Верувам дека во текот на јули Владата ќе донесе одлука, а потоа Министерството за финансии ќе ги префрли средствата до корисниците“, додаде Фатмир Сабриу, Владина комисија за обесштетување на земјоделците.

Во јуни минатата година, стотици хектари земјоделско земјиште беа уништени од град. Министерот за земјоделство Трипуновски вети обесштетување, додека од земјоделците се бара да ги осигурат земјоделски култури.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button