Климатски ПромениСВЕТ

Минатиот месец беше трет најтопол јули во светот забележан досега

Годинава јули беше еден од најжешките во светот, со невообичаено високи температури од Финска до Соединетите држави, соопштија денеска научници на ЕУ. Тоа е најновата пресвртница во долгорочниот тренд на затоплување, според која последните седум години беа рангирани како најжешките во светот досега, бидејќи емисиите на стакленички гасови ја менуваат климата на планетата.

„Кога ги гледаме глобалните температури, има промени од година во година, па дури и од месец во месец“, вели Фреја Вамборг, виш научник во Службата за климатски промени Коперник на Европската унија, додавајќи: „Но, на крајот, основната работа што ја гледаме е трендот на затоплување на глобално ниво, и во повеќето региони во светот“.

Записите на Коперник датираат од 1950 година, но се вкрстуваат со други сетови на податоци кои потекнуваат од средината на 19 век. Повеќе региони беа опфатени со екстремни временски настани минатиот месец – во согласност со консензусот на научниците дека глобалното затоплување ги прави топлинските бранови поверојатни и пожестоки и дека потопла планета ќе доведе до пообилни врнежи. Рекордните горештини во Соединетите држави и Канада, кои започнаа во јуни, усмртија стотици луѓе и разгореа големи пожари. Во Кина, Белгија и Германија, екстремните врнежи предизвикаа смртоносни поплави. Тропскиот север на Австралија ја забележа највисоката дневна максимална температура минатиот месец, додека температурите над Северна Африка беа повисоки од нормалните.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button