Минчев: Да не се брза со законско решение за правична застапеност

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев денеска изјави дека не треба да се брза со новото законско решение за замена на балансерот, туку прво да се отвори широка расправа за новото решение за Уставниот суд да не го поништи и тоа. Минчев призна дека правичната и соодветната застапеност е уставна категорија, а за најавениот предлог на ВЛЕН истакна дека не го видел, но дека владината коалиција има сериозен капацитет за политички дијалог.
Минчев додава дека решението за создадената состојба може да се најде преку два закони кои се во надлежност на Министерството за јавна администрација.
За Минчев е понижувачка идејата за решавање на ова прашање со потпишување декларација кај нотар за чувството на етничка или национална припадност. Реакцијата на опозициската ДУИ Минчев ја оцени како против себе, бидејќи тие самите кога беа на власт донесоа стратегија со која се бара укинување на балансерот.
Суад Бајрами