Минчев ги урна надежите на синдикалците-нема повисоки плати оваа година
Минчев ги урна надежите на синдикалците-нема повисоки плати оваа година

Пропанда ултиматумот на синдикалците дека во првите 100 дена од новата влада да мора да има покачување на платите на граѓаните. Нивниот следен чекор ќе биде генерален штрајк од септември, доколку со општиот колективен договор на вработените во јавниот сектор не им се даде покачување во однос на усогласувањето на минималната плата во земјава. Првиот човек на ССМ рече дека секоја година платите треба да се зголемуваат за 15 отсто во јавниот сектор. Слободан Трендафилов рече дека се уморни од оправдувањата на властите и нема да отстапат од барањето
Новата Влада ќе има поддршка од синдикатите само доколку престанат со вработувањата на партиски кадри и се престане со злоупотребата на вработувањата во јавниот сектор. Министерот за јавна администрација зборуваше и за департизација на институциите. Горан Минчев рече дека до крајот на оваа година нема да има зголемување на платите.
Од друга страна, Министерството за финансии, по изготвувањето на ребалансот на буџетот, со одлука на Владата ги задолжи сите државни и јавни институции да ги земат предвид одобрените буџетски средства при склучувањето колективни договори и да не преземаат обврски за кои нема издвоено пари за тековната година. /Alsat.mk