ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Минчев го критикува Меџити за вработувањата во администрацијата

Минчев го критикува Меџити за вработувањата во администрацијата

Изјавата на првиот вицепремиер Изет Меџити, во која најави масовни вработувања на Албанци во администрацијата, го иритираше министерот за јавна администрација Горан Минчев, кој доаѓа од владеачкиот партнер ЗНАМ. Минчев преку Фејсбук му порача на Изет Меџити да не се однесува како „Алиса во земјата на чудата“. Според него, овие изјави се класичен пример на предизборен популизам, без правна и институционална основа.

Advertisements

„Би го замолил г-динот Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата, ветувајќи нешто што ниту е реално, ниту е возможно без кршење на законските процедури и принципите на доброто управување. Јасно и недвосмислено потенцирам дека сите вработувања во јавниот сектор во моментов се одвиваат исклучиво според потребите на институциите, врз основа на претходно добиени согласности од релевантните институции и во согласност со Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници”, рече Горан Минчев, министер за јавна администрација.

Меџити, на партискиот настан на Демократското движење, рече дека во рок од една година владата ќе отвори повеќе работни места отколку што беа отворени во изминатите два мандата од другите албански политички субјекти, дури спомна стотици и илјадници работни места за Албанците во администрацијата.
Денеска првиот вицепремиер одби да ја коментира реакцијата на неговиот партнер во владејачката коалиција. Сепак, Меџити рече дека има владина одлука договорите за работа на 1.500 лица во здравството да бидат заменети со решенија за работа.

„Постојано има потреба од нови работни места. Зборував за трансформација на одлуките во здравството кои се носат со години, 10 години, 9 години со договор. Има владина одлука за трансформација на одлуките. Има 1.500 вработувања, а ќе продолжи и во другите сектори“, рече Изет Меџити, прв вицепремиер.
Од октомври минатата година, кога Уставниот суд го укина балансерот и вработувањата во администрацијата се вршат без механизам за правична и соодветна застапеност. Коалицијата ВЛЕН континуирано ветува правна разрешница на ова прашање, но се уште нема ништо конкретно./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button