ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Минчев: На Законот за правична застапеност работат експерти од уставно право, ќе се испрати до Венецијанската комисија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев на денешната прес-конференција прашан до каде е постапката за Законот за правична застапеност, посочи дека на ова законско решение работи група од експерти од областа на уставното право, но во моментов не може да каже до каде е содржината на законот. Нацрт верзија на законското решение треба да биде пратено до Венецијанската комисија и потоа ќе влезе во собраниската процедура.

Advertisements

-Како што знаете, во рамките на Владата е формирана работна група од експерти од областа на уставното право, која што работи на содржината на Законот за правична застапеност. Јас како министер не сум дел од таа работна група и затоа не би можел да кажам во овој момент до каде е содржината на тој закон. Сакам да истакнам дека правичната застапеност на етничките заедници во државата, согласно потпишаниот Охридски договор, е уставна категорија, рече Минчев.

Според Минчев, добро е што на ова законско решение работат ескперти, за повторно да не дојдеме во ситуација на евентуален поднесок до Уставниот суд и повторно поништување на одредени членови.

-Јас инсистирав и добро е што на тоа законско решение работат експерти, за да не се најдеме повторно во иста ситуација, во рамки на евентуален поднесок до Уставниот суд и повторно поништување на одредени членови од постоечкиот досегашен закон. Експертите од уставно право се гаранција дека ќе се направи таков закон, кој што како нацрт верзија или предлог верзија на тоа законско решение ќе биде пратен до Венецијанската комисија и потоа ќе влезе во собраниска процедура, рече Минчев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button