ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Минчев: Правичната застапеност на етничките заедници е уставна категорија и таа ќе се спроведува

Не е коректно за едно ново законско и суштинско решение да се кажува и прејудицира дека нема да има своја употреба. Законот е готов и откако ќе се добие сублимат и став од Венецијанската комисија ќе се најде пред пратениците, рече денеска Горан Минчев, министер за јавна администрација во одговор на прашање од пратеникот Елми Азири за предлог законот за правична застапеност.

Advertisements

Според Минчев, правичната застапеност ќе се регулира со подзаконски акти откако ќе се добие мислењето од Венецијанската комисија.

Министерот Минчев на седницата за пратенички напомена дека пред неговото преземање на функцијата алатката „балансер“ не била според законските одредби, а на седницата на минатиот состав на владата, ДУИ искажала констатација дека „балансерот“ како алатка за правична застапеност се злоупотребува и има изминат рок.

– Правичната застапеност на етничките заедници е уставна категорија, согласно на Охридскиот рамковен договор. Од тоа нема бегање и тоа ќе се спроведува. Како влада дадовме збор дека по укинувањето на „балансерот“ од страна на уставниот суд не треба да се брза со ново решение и да нема злоупотреби. Рековме дека ќе одиме полека и сериозно, рече Минчев, на седницата за пратенички прашања.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button