ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Минчев вели дека за балансерот не се подготвува закон како што тврдат од коалицијата ВЛЕН

Минчев вели дека за балансерот не се подготвува закон како што тврдат од коалицијата ВЛЕН

Министерот за јавна администрација Горан Минчев вели дека за балансерот не се подготвува закон како што тврдат од коалицијата ВЛЕН. Според Минчев, прво ќе се чека одлуката на Уставниот суд, а потоа ќе се постапи за нов евентуален закон, но нагласувајќи дека тоа зависи од одлуката на судот.

Advertisements

ВЛЕН веќе неколку дена ја коментира идејата дека балансерот ќе добие правна форма. Во последното интервју за Алсат, Калтрина Зеколи од ВЛЕН рече дека законот е во фаза на изработка.

„Законот е во фаза на изработка. Наскоро ќе излеземе со попрецизни податоци за тоа како ќе се регулира статусот на сите етнички заедници во нашата држава“, рече Калтрина Зеколи, заменик-министерка за транспорт и врски.

За разлика од Зеколи, денеска Арбен Таравари рече дека законот допрва ќе се изработува.

„Имавме договор со ВМРО-ДПМНЕ пред да почне коалицијата дека прво треба да се договориме за законот за правична застапеност, а потоа за балансерот„, рече Арбен Таравари, претседател на АА.
ВЛЕН вчера соопшти дека законот е во фаза на подготовка, кога реагираше на одлуката на Уставниот суд да започне постапка за оценување на уставноста на балансерот./Алсат.мк

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button