ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада, побараа синдикалците

„Неправда, па тоа е неправда, имаш ти, немам јас“. Со овие стихови од песната „Неправда“ од Лева патика, Сојузот на синдикати на Македонија и Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија го отворија протестот пред зградата на Владата, од каде упатија повеќе барања.

Advertisements

Синдикалците бараат минимална плата во износ од најмалку 450 евра, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз.

Тие порачаа дека после 8 мај, кој и да дојде во владата, треба да ги исполни нивните барања во првите 100 дена.

„Бараме најниската плата да биде иста како таа во регионот односно минимум 450 евра. Исто така, бараме враќање на загубеното право во 2009 година, додаток за храна и превоз“, рекоа од Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Македонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button