Минималната пензија не може да биде 18 000 денари

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вели дека работната група која би требало да се формира во најскор можен рок ќе работи на решавање на прашањето за минимална пензија, односно ќе се разгледува дали ќе се носи Закон или ќе има измени на Законот за пензиско за да се утврди износ на минимална пензија која не би ја довела во прашање сигурноста и стабилноста на Фондот за пензиско и државните капацитети.
Министерката вели дека барањето на пензионерите за минимална пензија од 18 000 денари е нереална сума, бидејќи во државата, минималната плата изнесува 20 000. Вели, доколку се утврди минимална пензија од тој износ, тогаш Фондот за пензиско ќе биде оптоварен и можно е државата да се доведе во ситуација да после неколку месеци, да нема пари да ги исплати пензиите на сите 330 000 пензионери.