СПОРТФУДБАЛ

Mинистер за внатрешни работи го обвини Бензема дека е во контакт со терористи

Францускиот министер за внатрешни работи упати сериозни обвинувања кон Карим Бензема. „Затворивме повеќе од 1.100 муслимански центри во земјата и во оваа прилика му се обраќам на г-дин Карим Бензема, кој одржува контакти со озлогласени личности и, како што сите знаеме со „Муслиманското братство““, рече министерот Џералд Дерманан во во живо на телевизија, упатувајќи тешки обвинувања кон еден од најдобрите фудбалери во земјата.

Advertisements

Овие зборови, кои може да значат и најава за истрага по враќањето на Бензема во Франција, следеа набргу откако алжирскиот фудбалер го искористи својот профил на социјалните мрежи за да го осуди израелското бомбардирање на Газа и палестинските цивили.

„Сите наши молитви се насочени кон жителите на Газа кои повторно се жртви на неправедно бомбардирање кое не поштедува ниту жени ниту деца“, напиша напаѓачот на Ал-Итихад и предизвика лавина коментари.

Поранешниот фудбалер на Расинг, Депортиво и Мајорка, Давид „Дуду“ Ауате, на неговата објава одговори со зборовите: „Ти ку… сине“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button