Министерката Мила Царовска ја снема од јавноста

Завршувањето на локалните избори ги намали активностите на Министерството за образование и покрај многуте проблеми во овој ресор. Министерката Мила Царовска веќе неколку дена не се појавува во јавност. Алсат постави прашања во оваа институција – зошто Царовска не се појавува на прес-конференции и настани и дали тоа има врска со создадената политичка ситуација? Добивме краток одговор дека Царовска ги извршува сите секојдневни активности, средби и настани кои однапред планирани. Од Синдикатот за образование, наука и култура оценуваат дека и покрај политичката ситуација, министерката треба да биде присутна пред јавноста.
Неделков вели дека ставовите и барањата на СОНК остануваат исти, без оглед кој раководи со образованието.
Синдикатот бара 13-та плата за вработените во образованието, дополнително плаќање за патни трошоци за оние кои патуваат повеќе километри, како и генерално зголемување на платите.
Melihate Rustemi