ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерката Царовска не се откажува од дигитализацијата на учебниците

И покрај повиците на здруженијата за референдум за блокирање на процесот на реформи во образованието, државните власти велат дека од септември ќе функционира системот со дигитализација на учебниците. Министерството за образование наведува дека новиот концепт е донесен и изготвени се наставните програми за прво и четврто одделение. И денеска министерката Царовска од Битола не ги коментираше повиците за бојкот на наставата во случај на активирање на новиот концепт.

Додека се подготвуваат реформи во основното и средното образование, за високото образование предлог-законот е во собраниска процедура. Намерата е да се смени членот 187 и на професорите да им биде дозволено да може да работат до 67-годишна возраст.

„Наставниците, по завршувањето на договорот, имаат право по нивно барање, откако ќе се повикаат на наставните и научните звања, да продолжат со работниот однос…“

Денеска во матичната комисија овој предлог- закон го помина второто читање и оди на пленарна седница. Во врска со продолжувањето на работата за оваа категорија професори студентски синдикати се жалеа дека не им се дава простор на новите дипломци да започнат со работа порано.

Adna Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button