ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерката за екологија се дистанцира од дивите депонии во Полог

Додека полошките полиња се полни со диви депонии, а слично се случува и на Шар Планина, министерката за екологија денеска зборуваше за Националниот парк и процентот кој е под заштита. За депониите рече дека се локален проблем.

Advertisements

Но, дали општините имаат пари сами да го решат проблемот, особено големата депонија во општина Теарце? Шансите се нула.

„Главно се занимаваме со два проблема кои бараат итно решение, но нашите финансиски можности се ограничени, така што секогаш се обраќаме до Владата за да најдеме можно решение за нивно отстранување. Првиот е поврзан со количината на отпад од домаќинствата, а вториот се кабастите материјали. Ја бараме секоја можна опција за нивно преместување. На последниот состанок во Владата се изнесе проблемот со нивно транспортирање бидејќи да се носат во Русино, тоа се околу 40 километри. Тоа ги зголемува трошоците за нивно дислоцирање. До овој момент тоа останува нереализирано“, рече Нухи Незири, Градоначалник на Општина Теарце.

Институциите на годишно ниво собираат даноци за животната средина кои од друга страна, општините, но и Министерството за екологија, многу малку ги вложуваат во заштитата на еко-системот.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button