Министерката за образование Весна Јаневска, најави зголемување на финансиската поддршка за училиштата во кои ќе се реализира проектот за развој и унапредување на мултикултурализмот
Министерката за образование Весна Јаневска, најави зголемување на финансиската поддршка за училиштата во кои ќе се реализира проектот за развој и унапредување на мултикултурализмот

Министерката за образование Весна Јаневска, најави зголемување на финансиската поддршка за училиштата во кои ќе се реализира проектот за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата.
Досега грантовите што ги добија училиштата беа во вредност од 30 илјади денари, додека со следниот конкурс во октомври се очекува грантовите да достигнат 90 илјади денари, што е веќе предвидено во Законот за основно образование, а наскоро и во Законот за средно образование. Јаневска потсети дека единството, толеранцијата и разбирањето можат да изградат квалитетни и силни генерации млади луѓе кои обединети ќе ја водат земјата напред во иднина. Јаневска најави и враќање на наставата со ученици од различни етнички заедници.