ЕКОНОМИЈА

Министерот Бектеши: Не ја поврзувајте ДУИ со руски пари

Инвестицијата во фабриката „МАЈА“ не е на партијата, туку ДУИ ги претставуваше државните институции при отворањето што се одржа во 2016 година кај селото Гари, дебарско. Ова го одговори министерот Крешник Бектеши на прашањето на Алсат во врска со истрагата што Обвинителството ја води за фирмата околу сомневањата за перење на руски пари. Бектеши дури рече дека медиумите треба да внимаваат со насловите што ја поврзуваат ДУИ со инвеститорите кои се под лупа на обвинителството. Тој појасни дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја пресекол лентата на фабриката како пратеник на од таа изборна единица.

Advertisements

„Г-ин Ахмети е со Крешник Бектеши, Артан Груби, Дритон Кучи, Ваљон Сарачин и со сите што ги водат надлежните институции како резултат на победата на изборите. Ахмети заедно учествува на разни инаугурации. Да не заборавиме дека г-ин Али Ахмети, покрај тоа што е лидер на најголемата албанска политичка партија во земјава е и пратеник од тој регион и во времето кога беше отворена компанијата „МАЈА“, општина Дебар и дел од другите релевантни општини беа во 6-та изборна единица“, рече Бектеши.

Имено, двете концесии за МЛ-Гари ги потпишале министрите за економија од редовите на ДУИ, Ваљон Сарачини во април 2012 година, за користење на минерална вода, а во 2018 година тоа го сторил актуелниот министер Бектеши за месноста Звичница кај истото село. Важноста на концесијата е 30 години. Таа била доделена врз основа на Законот за минерали и вода за пиење преку стопанисување. Бектеши рече дека доколку властите докажат оти се переле пари преку „МАЈА“, тогаш двете концесии ќе бидат одземени.

„Доколку одредени лица направиле значителни средства во Северна Македонија за други цели или како што истакнавте, за перење пари, надлежните органи треба да го истражат и да го докажат тоа. Во моментов, доколку се докаже дека тоа се случило и имаме одлука од судовите или институциите во земјата, вклучително и финансиската полиција, тоа би било основа за одземање на концесијата бидејќи одредени лица или одредени субјекти кои работат во странство може да бидат под санкциите кои ги одобривме“, додава Бектеши.

Додека Али Ахмети и неговите блиски соработници ја сечеа лентата во 2016 година, финансиската полиција се посомнева дека од сомнителни „оф-шор“ дестинации се слеале милиони евра, со сомнеж дека главниот капитал доаѓа од Русија. Ова довело до прелиминарна истрага во Обвинителството. Предистражната постапка долго време била закочена поради бавното постапување на Обвинителството сè до средата кога финансиските инспектори испратија известување до Обвинителството за организиран криминал и корупција. Обвинителите сега истражуваат дали преку фабриката „Маја“ биле перени пари преку „оф-шор“ компании од Кипар и Британските Девствени Острови.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button