Министерот Бектеши не жали за рудниците: „100 пати би го повторил истото“

Министерот за економија, пред да даде објаснување на следната владина седница, денеска одржа средба со новинарите. Крешник Бектеши рече дека целата документација за спојување на концесиите за рудниците Иловица-Штука е легитимна. Иако вчера требаше да даде објаснувања во Владата, тоа ќе го стори на следната кога пред членовите на Владата ќе извести зошто е донесена одлуката за спојување на концесиите во струмичкиот регион, кој наиде на реакции во јавноста и од жителите на тој регион. Премиерот Ковачевски истакна дека рудник нема да има доколку локалните жители не дадат согласност.
Министерот Бектеши денеска одржа брифинг со новинарите во Скопје, но вицепремиерката за добро владеење Грковска тврдеше дека тој уште не е вратен од службен пат во САД.
Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла тврдењата на Ковачевски дека нивната партија додека беше на власт ја дала концесијата за рудникот. Од партијата на Мицкоски велат дека тоа било сторено уште во 2006 година за време на Владата на Бучковски. Според нив, отворањето на рудникот Иловица е коалициски договор меѓу СДСМ и ДУИ. Она што не го очекувале овие две партии, според ВМРО, била острата реакција на граѓаните и големиот протест што се одржа во саботата во Струмица.
Аднан Ќаили