ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Министерот Бесими презентираше буџетска „петолетка“

Во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, министерот за финансии, Фатмир Бесими рече дека буџетот за 2021 година има петгодишна рамка во која меѓу другото, влегуваат и фискалната консолидација и јавните инвестиции.

„Буџетот за 2021 на првите страници има приоритети за буџетот, има и петгодишна рамка. Тоа се: фискална консолидација во текот на пет години, потоа стратегијата за економска обнова, но и забрзување на економскиот раст, како и планот за јавни инвестиции од 2021-2025 г. Сите овие треба да ја дадат приказната, и аргументите и траекторијата како ние ќе го реализираме ова забрзување на економскиот развој, ако во последните 10 години сме имале 2.5% просечен годишен раст, да стигнеме до 4-5% на просечно зголемување во периодот кој следи“, рече Бесими.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button