МАКЕДОНИЈА

Министерот Николовски не знае колку плата добил, ги изгубил банкарските картички!

Додека лекарите се револтирани поради минималното зголемување на платите, функционерите се радуваат на одлуката на Уставниот суд која им донесе раст од 78%. Но, министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, вели дека ги изгубил банкарските картички, па не знае колку плата добил. Затоа новинарите на денешниот настан предложија за него да отворат солидарен фонд. Споредено со зголемувањето на минималната плата која сега изнесува нешто повеќе од 20 илјади денари, излегува дека месечното зголемување на минималната плата од 2 илјади денари е еднакво на дневното зголемување на платата на функционерите. Додека Собранието евентуално не ги одобри измените и дополнувањата на Законот за плати, над илјада функционери ќе продолжат да примаат плати повисоки од 40 илјади, до 70 илјади денари до досегашните.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button