МАКЕДОНИЈА
Министерот Османи и австрискиот амбасадор ги посетија роднините на жртвата Неџип Вренези

По терористичкиот напад во Виена во кој загина 21 годишниот Неџип Вренези, со потекло од струшкото село Велешта, денеска во посета на семејството Вренези беа министерот за надворешни работи, Бујар Османи и Амбасадорот на Австрија во Македонија, Георг Вутсас. Тие изразија сочувство до семејството и рекоа дека смртта на Неџипи е загуба и за двете држави – Австрија и Македонија, кои загубиле чесен, работлив и лојален граѓанин. Инаку Неџип, бил роден во Виена, кој сакал да студира медицина.
„Ќе го цитирам премиерот Курц, ние не го вперуваме прстот во една нација, ние не го вперуваме прстот во мигрантите, не го вперуваме прстот кон припадниците на одредена религија. Ова се индивидуални случаи кои се радикализирани“, рече амбасадорот Вутсас.