ВЕСТИ

Министерот Османи во работна посета на Брисел

Министерот за надворешни работи Бујар Османи од денеска ќе биде во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата, на покана на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас, ќе учествува на работен појадок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија.

Advertisements

Министерството за надворешни работи информира дека работниот појадок ќе биде посветен на европското досие на Северна Македонија, а ќе се одржи на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ. На појадокот ќе бидат присутни и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на ЕК, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button