ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерот Шаќири мува не го лази за случувањата на Тетовскиот универзитет

Министерот Шаќири мува не го лази за случувањата на Тетовскиот универзитет

Посетите на поранешниот ректор Вулнет Амети на факултетите за да им сугерира на професорите за кого да гласаат, притисоците врз професорите и нивните семејства, како и повлекувањето од трката за ректор на Универзитетот во Тетово на тројцата кандидати Башким Зибери, Миќереме Руси и Дервиш Алими не му го расипуваат раатот на министерот за образование Јетон Шаќири, иако законот го обврзува да преземе мерки. Па, така законските и статутарните прекршувања на овој процес се продлабочуваат уште повеќе и влијаат на постоењето минимум демократија во најголемиот албански универзитет во земјава.

Advertisements

„Влијанието и притисокот врз академскиот кадар, врз луѓето, гласањето не е јавно, гласањето е тајно, верувам дека ако сме стигнале како општество да ги цениме притисоците и на највисоко академско ниво, универзитетските професори, да прифатиме притисок. Во кампања, изборен процес, би разговарал за тоа како општествен феномен, бидејќи гласањето не е отворено, тоа е тајно“, изјави Јетон Шаќири, Министер за образование и наука.

И покрај тоа што министерот вели дека нема овластување да постапува во овој случај, членовите 203 и 204 од Законот за високо образование го обврзуваат да преземе мерки.

„Кога надлежниот министер за високообразовни работи ќе утврди дека високообразовната установа донела решение кое не е во согласност со овој закон, ќе ѝ укаже на високообразовната установа за незаконитоста на одлуката и ќе одреди рок за отстранување на незаконитоста, кој не може да биде пократок од еден месец“, се вели во Законот за високо образование, член 203.

„Доколку општиот акт на високообразовната установа не е во согласност со Уставот или со законот, надлежниот министер за високо образование има право да го прекине нивното спроведување“, се вели во Законот за високо образование, член 204.

Поранешниот инспектор за образование, Ѓорѓи Илиевски за АЛСАТ изјави дека е недозволиво одржување на избори за нов ректор во услови на притисоци, уцени и законски прекршувања. Тој вели министерот Шаќири мора што поскоро да реагира.

Јусуф Зејнели, кандидатот зад кого се шпекулира дека стои ДУИ, денеска беше единствен кандидат за функцијата прв човек на тетовскиот универзитет.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button