ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерот Тошковски реагира на однесувањето на техничкиот премиер Џафери

Министерот Тошковски реагира на однесувањето на техничкиот премиер Џафери

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски реагираше на однесувањето на техничкиот премиер Талат Џафери при неговата посета на Секторот за внатрешни работи во Тетово. Пристапот на Џафери Тошковски го оцени како „недолично однесување“ и побара од него да им се извини на вработените во МВР.

„Сметам дека ваквото однесување на премиерот кон вработените, особено кон вработената е несоодветно и не наликува на личност која врши јавна функција, уште повеќе кога според информациите што ги имаме, дотичната госпоѓа е сопруга на поранешен полицаец кој го дал животот во служба на безбедноста на граѓаните“, вели Тошковски во својата реакција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button