Министерот за економија Бесар Дурмиши ги презентираше мерките и постигнувањата на неговото министерство во првите 100 дена од владеењето
Министерот за економија Бесар Дурмиши ги презентираше мерките и постигнувањата на неговото министерство во првите 100 дена од владеењето

Намалувањето на маржата од 10% во трговијата на големо и мало за 73 основни прехранбени производи им помогна на граѓаните да заштедат од 690 на 1360 денари по домаќинство, вели министерот за економија Дурмиши. Презентирајќи ги постигнувањата на неговото министерство во првите 100 дена од власта, тој истакна дека есенската потрошувачка кошница и Законот за забрана на нефер трговски практики спречија натамошен раст на цените на прехранбените производи и на инфлацијата.
„Доколку не ги донесевме овие одлуки, инфлацијата ќе беше поголема и ќе имавме поскапување на основните прехранбени производи. На сила стапи законот за нефер комерцијални практики, додека не се потрошат производите што ги имаат маркетите во магацинот, се уште се продаваат по старите цени. Кога ќе се направат новите фактури меѓу добавувачите и купувачите и тие ќе ги усогласат цените, производите ќе излезат со намалени цени„, рече Бесар Дурмиши – министер за економија.
Но, граѓаните не се согласуваат. Некои се жалат дека цените се уште високи.
„Да, млекото и лебот се скапи. Лебот е околу 40 денари. Скапо е, но што да правиме? Да имаме плата најмалку 400 евра за да можеме да врземе крај со крај„ рече еден граѓанин.
Дурмиши истакна дека во Собранието тече процедурата за реорганизација на Комисијата за заштита на конкурентност со која, како што кажа, ќе се подобри нејзината функционалност./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу