Министерот за европски прашања Орхан Муртезани најавува наскоро средба на високо ниво меѓу Скопје и Софија
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани најавува наскоро средба на високо ниво меѓу Скопје и Софија

Министерот за европски прашања и главен преговарач со Европската унија, Орхан Муртезани, во интервју за Алсат нагласува дека Северна Македонија е свесна дека мора да се исполни условот за вклучување на Бугарите во Уставот, бидејќи тоа е едногласна одлука на сите земји-членки на ЕУ, но Владата на земјата инсистира интеграцискиот процес да биде попредвидлив и другите билатерални реформи да не се отвораат. Според Муртезани, тоа може да се надмине преку дијалог со Софија, додека Брисел секако ќе најде начин да го спроведе. Муртезани најави наскоро средба на високо ниво меѓу Скопје и Софија.
„Нашето инсистирање е процесот на водење на преговорите и нивното завршување да биде попредвидлив. Имено, да немаме билатерални пречки кои ќе го попречат процесот на развивање на преговорите. Бидејќи преговарачкиот процес е дизајниран да ја подготви нашата земја за членство во ЕУ преку серија реформи, тој не е дизајниран да решава билатерални, па дури и историски прашања. „Сите овие прашања само го оптоваруваат процесот и ја лишуваат Северна Македонија од напредок кон спроведувањето на реформите”, рече Орхан Муртезани, министер за европски прашања.
Претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова е оптимист дека ќе има деблокирање на евроинтеграцискиот процес на земјава, но, според неа, за ова мора да има добра волја и да се манифестира добрососедство.
И покрај оптимистичкиот дух на претставниците на земјава за евентуален договор за деблокирање на интегративните процеси, такви сигнали од Бугарија нема. Според Еуроактив, новата бугарска влада одбива повторно да преговара за омекнување на условите. Бугарија бара Северна Македонија да го исполни условот за вклучување на бугарското малцинство во Уставот и според нив, тоа е проблем на Скопје со Брисел, а не со Софија. Од ЕУ, пак, велат дека се зголемени дипломатските активности за изнаоѓање решение за придвижување на процесот, но потсетуваат дека заедно со уставните измени, земјата мора педантно да ги спроведува и реформите, особено во делот на владеењето на правото./Алсат.мк
Суад Бајрами