ВЕСТИСПОРТ

Министерот за имиграција на Австралија му ја укина визата на Ѓоковиќ

Австрија му ја укина визата на светскиот тенис број 1 Новак Ѓоковиќ, со што најверојатно ќе стави крај на надежите на српската тениска ѕвезда да ја одбрани титулата на Грен слем турнирот во Мелбурн.

„Денес го искористив моето овластување според член 133C(3) од Законот за миграција за да ја укинам визата што ја поседува г-дин Новак Ѓоковиќ“, изјави министерот за имиграција Алекс Хок откако ги искористи своите дискрециони овластувања за прашањата за виза.

Засега нема коментар од Ѓоковиќ или неговиот правен тим. Според австралискиот закон, можно е да се поднесе жалба на одлуката. Ѓоковиќ денеска тренира за Австралија опен. Ѓоковиќ е вклучен во ждрепката на турнирот како главен носител. Ѓоковиќ, скептик за вакцините, во минатата недела објави дека оди во Мелбурн со медицинско ослободување од барањата на Австралија посетителите да имаат примено вакцина против ковид-19. 34-годишниот Ѓоковиќ е желен да ја одбрани својата титула и да се бори за рекордниот 21 Грен слем трофеј кога турнирот ќе започне на 17 јануари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button