ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Министерот за надворешни работи Муцунски денес ја обвини Софија дека е во спротивност со интересите на ЕУ и НАТО со наративот што го користи во последно време

Министерот за надворешни работи Муцунски денес ја обвини Софија дека е во спротивност со интересите на ЕУ и НАТО со наративот што го користи во последно време

Софија влезе во многу опасен наратив, кој е спротивен на стратешките интереси на ЕУ и НАТО, но е во интерес на трети страни кои не сакаат стабилност во регионот, нагласи министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски. Тој уште еднаш ги повтори црвените линии, а тоа се јазикот и идентитетот, односно афирмацијата на културното и историското наследство на Македонија.

Advertisements

Овие изјави доаѓаат по обвинувањата од бугарското Министерство за надворешни работи, кое нагласи дека забележале говор на омраза меѓу политичките партии во Македонија, но и меѓу академската заедница.

Бугарија неодамна испрати писмо до лидерите на Европската унија во кое реагираше на извештајот усвоен на седницата на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Бугарија предложи терминот „модерен“ да се додаде пред зборовите „македонски јазик и идентитет“. Според Муцунски, гласањето за извештајот за Северна Македонија пред Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент е историски момент, но не и победа бидејќи сè уште не е познато каков извештај ќе биде усвоен во Европскиот парламент./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button