ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски престојуваше во официјална посета на Хаг
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски престојуваше во официјална посета на Хаг

Холандија сака да ја види Северна Македонија интегрирана во Европската Унија и да ѝ помогне на земјата во спроведувањето на реформите. Ова го изјави холандскиот министер за надворешни работи Велдкамп. Тој во Хаг го пречека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој изјави дека на средбата се разговарало и за продлабочување на соработката меѓу двете земји и за холандските инвестиции во земјата. Двајцата министри изјавија дека разговарале и за геополитичката состојба.
Муцунски претходно се сретна со инвеститори од Холандија кои имаат инвестиции во Македонија.