ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерот за оравда, Игор Филков вели дека реформите во првата година од мандатот не останалебсамо празно ветување

Министерот за оравда, Игор Филков вели дека реформите во првата година од мандатот не останалебсамо празно ветување

Според министерот за правда Игор Филков, реформите во правосудството во првата година од неговиот мандат не останале само на хартија. За една година, Министерството изготвило и доставило до Владата 22 системски закони, додека од осумте закони во реформската агенда со рок до јуни 7 се веќе во владина процедура. Од законите кои веќе се во Влада, Филков потенцираше дека дури четири од нив се однесуваат за платите на вработените во повеќе гранки од правосудниот сектор.

Advertisements

“Со овие закони се овозможува враќање на коефициентите на платите, пред нивното намалување во текот на февруари и декември, 2024-та година.  Исто така, законот за судската и јавнообвинителската служба се доставени до Влада. Квалитетот на судската служба и јавното обвинителство директно влијае на независноста и ефикасноста во правосудството. Со овие два закони се уредуваат категориите и нивоата на работните места, унапредувањето и вработувањето”, рече Игор Филков, министер за правда .

Во однос на прашањето дали ќе се бара и зголемување на платите на јавните обвинители, Филков вели дека тие најпрво ќе треба тоа да го заслужат.

„Средствата се хроничен проблем секаде, не се само таму, и во Министерството. Нормално е да бараме зголемување, но доколку тоа биде оправдано. Што значи дека би требало да оди пропорционално со резултатите од јавното обвинителство. Ние и онака како дел од реформската агенда и дел од акцискиот план бараме зголемување, односно ако ме пратевте, баравме враќање на коефициентите на платите, што сметам дека во овој момент е навистина доволно„, додаде тој.

Во делот на реформите Филков особено го посочи новиот закон за судски совет, за кој рече дека не се работи за декларативен пристап, туку за суштинска промена која ќе доведе до градење на транспарентен и професионален судски совет – тело кое постојано е на мета на критики поради начинот на своето делување./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button