ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерот за правда, Игор Филков, вели дека наследил кабинет без клучни документи

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција по повод 100 дена од работата на Владата, рече дека наследил празен кабинет без клучни оригинални документи како што е извештајот на Оценската мисија на Европската комисија за работата на Судскиот совет, а полн со чадори, чаши и торби набавени од Лога. Филков нагласи дека исто така наследил неплатена фактура од речиси милион денари, па поради нефунционалното работење, министерот Филков, од претходникот ќе бара одговорност.

Advertisements

Во ноември ќе почнат јавните расправи за измените на Законот за Судски совет и Законот за јавно обвинителство. Во однос на измените на Кривичниот законик, се бараат модалитети како да се вметнат одредби со ретроактивно дејство.

Филков изјави дека се работи и на законот со кој ќе се регулира пензионирањето на судиите и дека предложената граница е предвидена на 67 години.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button