ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерот за правда ја отстрани судијката Алексовска поради спасувањето на В. Јованов, кој смртно ја прегази Фросина 

Министерот за правда ја отстрани судијката Алексовска поради спасувањето на В. Јованов, кој смртно ја прегази Фросина 

Министерот за правда, Игор Филков ја разрешил судијката Даниела Алексовска Стојановска, од позицијата член на Работната група за Кривичниот законик во рамките на министерството, поради реакцијата дека судијата претходно го спасила Васил Јованов, кој бил фатен со наркотици. Наместо да биде во затвор, во пијана состојба, без возачка дозвола и на црвено светло, смртно ја прегазил 22-годишната Фросина Кулакова. Филков побарал од Судскиот совет да ја разгледа постапката на судијата.

Advertisements

Како што револтот на граѓаните кои бараат одговорност продолжува, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски нагласува дека случајот ќе биде испитан и ако има прекршоци ќе има санкции.

Јованов, кој на 29 јануари, возејќи во пијана состојба, без возачка дозвола и поминувајќи на црвено светло, ја прегази и ја усмрти младата Фросина. И покрај тоа што бил фатен со марихуана и кокаин, наместо да заврши во затвор, судот изрекол мерка за праќање во едукативно-поправниот дом во Тетово. Сепак, Јованов не отишол во поправниот дом бидејќи случајот е во жалбена постапка. Граѓаните веќе со два протести го изразија револтот на судската постапка./Алсат.мк
Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button