ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерот за правда побара екстрадиција на двајцата осуденици за Монструм

Министерот за правда побара екстрадиција на двајцата осуденици за Монструм

Министерството за правда побара од косовските власти екстрадиција на двајцата осудени на доживотен затвор во случајот „Монструм“, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ. Според министерот за правда, Игор Филков, барањето за екстрадиција мора да биде прифатено бидејќи косовските власти немаат причина да не го спроведат.

Advertisements

Но, дали ќе биде побарана екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, кој во моментов е во Будимпешта, Унгарија? Филков вели дека правните патишта се затворени откако Груевски доби азил од унгарската влада.

Постапка за екстрадиција е издадена и против Шевал Муареми и Мухамед Чајани, осомничени за формирање на групата „Герчец“, за меѓународен транспорт на дрога и убиство по нарачка и за одмазда. Според министерот Филков, Муарем и Чајани се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати.

Адриан Керими

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button