Министерот за транспорт и врски Николовски на иста линија со Претседателката Сиљановска, за нов закон за урбанистико планирање
Министерот за транспорт и врски Николовски на иста линија со Претседателката Сиљановска, за нов закон за урбанистико планирање

Министерот за транспорт и врски Александар Николовски на иста линија со претседателката Сиљановска-Давкова во врска со законот за урбанистичко планирање. Иако минатата недела пратениците ги изгласаа законските измени по скратена постапка, Николовски вели дека во наредниот период е нужно да се седне на маса и да се изработи комплетно нов закон.
Дефинитивно ни треба нов закон, дека предлагам еден хетероген состав во кој ќе учествуваат претставници на невладини организации коишто се засегнати да изработиме целосно нов закон за урбанистичко планирање, така што со претседателката имаме ист став по однос на ова прашање.
Повеќе граѓански организации и здруженија веќе го осудија носењето на законските измени по скратена постапка. Според нив, додека да се изработи ново законско решение, граѓаните на свој грб ќе ги почувствуваат последиците од измените. Предупредуваат дека ова ќе значи носење на стари урбанистички планови, што ќе предизвика хаос во градовите и уништување на јавниот простор„, рече Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски.
„Колкав ќе биде тој временски период никој не знае, но едно е сигурно: нема да биде краток. Дотогаш ќе ги видиме жестоките реперкусии на стапување во сила на околу 600 урбанистички планови изработувани повеќе од четири и пол години по застарени податоци и неважечки закони и правилници, најчесто иницирани и инвестирани од приватни инвеститори кои се грижат исклучиво за својот личен интерес. А катните гаражи ќе никнат на зелени површини каде колку толку сè уште можат да играат деца„, велат 02 Иницијатива.
Претседателката Сиљновска иако рече дека е потребен нов закон, потврди дека ќе ги потпише законските измени со образложение дека на тој начин ќе се поедностават процедурите за реализација на објектите што ги планираат општините со пари што ќе ги добијат од пакетот средства обезбедни со ребалансот на буџетот. На 13 август пак со 64 гласа „за“ и 11 „против“ пратениците по скратена постапка ги донесоа измените на законот за урбанистичко планирање, без ниту еден пратеник да се пријави за збор./Алсат.мк
Михаило Донев