Министерот за здравство и челниците на верските заедници повикаа на вакцинација

Министерот за здравство, Беким Сали, заедно со челниците на верските заедници денеска уште еднаш повика на масовна вакцинација на населението, нагласувајќи дека тоа е единствениот начин за заштита од ширење на инфекцијата.
„Убеден дека ова е најбезбедниот начин за заштита од ширење на вирусот, но и единствениот начин за спречување на ширење на инфекцијата. Затоа, ве молам вакцинирајте се“, рече Сали.
„ИВЗ во секој момент апелираше луѓето да се држат до сите мерки што ги донесовме како ИВЗ, во рамки на министерството за здравство. ИВЗ имаше наредба кај сите верници, вакцинацијата да се сфати сериозно затоа што тоа е одлука на СЗО“, рече поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху.
„Се приклучуваме на апелот, упатен до верниците, да се придржуваат на мерките што институциите задолжени за грижата на здравјето ги упатуваат веќе втора година. Подобро е нешто да го спречиме отколку да го лекуваме“, рече поглаварот на МПЦ, Г.Г. Стефан.