ВЕСТИЗДРАВСТВО

Министерот за здравство најави решение за вработените со договор на дело

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, најави дека во петок ќе се знае одлуката за судбината на околу илјада вработени во здравствените установи кои со години се ангажирани со договор на дело. Тој најави и дека ќе се прошири позитивната листа.

Advertisements

„Ги усогласивме броевите, но потребна е и средба за конечно да одлучиме што понатаму, но ова навистина ќе биде како новогодишна честитка, до петок бидете трпеливи. Исто така, наскоро двоцифрен број на лекови ќе се најде на позитивната листа, многу брзо“, рече Меџити.

Во меѓувреме, според министерот за здравство, идентификувано е лицето кое е забележано како пуши во здравствена установа на работното место. Фотографиите беа споделени на социјалните мрежи. Меџити рече дека по Нова година ќе има строги контроли во сите здравствени установи за сите вработени да го почитуваат своето работно место.

„Ќе биде санкциониран лично од мене, ќе биде суспендиран од работа. Но, прво ќе сведочат раководните лица, ќе има дисциплинска комисија и ќе ги почитуваме сите мерки согласно Законот за здравствена заштита“, додава Меџити.

Министерот Меџити за годинава оцени дека биле направени реформи во примарната здравствена заштита. Меѓу успесите во здравството го вброи и обезбедувањето на лекот Трикафта. Во меѓувреме, како овогодишен проблем Меџити го наведе случајот онкологија, апелирајќи до Обвинителството да постапи што поскоро.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button