Министерот за здравство Венко Филипче проценува дека бројките на нови случаи на вирус се охрабрувачки, и опаѓаат но прерано е да се каже дали тоа е тренд

Иако ширењето на делта варијантата доби замав со што го донесе четвртиот бран на пандемијата многу порано од предвидувањата за наесен, здравствените власти велат дека сега успеале до одреден степен да го контролираат трендот на ширење на инфекции. Министерот Филипче рече дека 2/3 од актуелните случаи се од делта видот.
Болнички капацитети има, но во некои градови се полни. Пациентите од Тетово и Гостивар сега се пренесуваат во Козле додека оние од Кичево и Струга во Прилеп и Битола. Како резултат на здравствени компликации, смртноста е во пораст. За ова имаше критика од лекарската Комора и болничарите дека протоколот за лекување не се спроведува. Министерот Филипче рече дека причина е што пациентите доаѓаат доцна.
Поради зголемениот број на новозаразени што се очекува да продолжи до крајот на август, повторно се отвори центарот за вакцинација во Скопје во две смени, од 8 до 20 часот.
На пунктот за вакцинација во малата сала „Борис Трајковски“, процесот на имунизација започна наутро и интересот на граѓаните е многу голем, кои можат да дојдат од целата земја и да изберат тип на вакцина без какво било закажување.
Според официјалните податоци, вакцинирани се близу 700 илјади граѓани, од кои 512 илјади со две дози.
Од 18-40 години, 170 илјади граѓани се вакцинирани или 26% од вкупниот број.
Adnan Qaili