Министерот за финаасии не ја коментира судската одлука против Алсат
Министерот заа финаасии не ја коментира судската одлука против Алсат

Министерот за финансии, Фатмир Бесими не го знае изворот на хипотеката, со која со судска одлука дел од просториите на телевизија Алсат од 1 март се на јавна продажба. Запрашан како е можно ваква хипотека 20 години да ги мине филтрите на институциите и да не претставува пречка во имотната постапка, Бесими кусо рече дека треба да се почитуваат судските одлуки, додавајќи дека не е конкретно информиран за правните прашања.
„Тоа се правни прашања и во моментов не можам да дадам изјави бидејќи се судски одлуки. Она што е важно е правдата да е на вистинското место и ние како држава сме секогаш заинтересирани инвеститорите да бидат безбедни“, изјави Фатмир Бесими- министер за финансии.
Алсат телевизија побара став и од вицепремиерот Бојан Маричиќ, кој беше министер за правда во времето кога се водеше судскиот процес. Истиот одби да одговори, не давајќи одговор на јавноста за судска одлука која е заснована на хипотека која се појавува после 20 години и пред се одлуката која наликува дека е политички мотивирана.
Немаше одговор и од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кој кусо ни изјави дека не е информиран за случајот, со што одби да оцени дали ваквата постапка на судството влијае на бизнис климата и на домашните инвеститори и не само во Северна Македонија.
Имотот кој сега нелогично се оспорува, е купен од Алсат преку купопродажен договор во 2006 година.
Во судската одлука од 28 април 2022 година, хипотеката која според Министерството за финансии е наследена од судска одлука од 1993 година, го отвора патот на извршителот да го стави на јавна продажба имотот на телевизија Алсат во ДТЦ „Мавровка“.
Адриан Керими