ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за економија ќе треба да подготви план и стратегија како да ги поддржи и работниците

Министерството за економија ќе треба да подготви план и стратегија како да ги поддржи и работниците

Сега со измените, Министерството за економија ќе треба да подготви план и стратегија како да ги поддржи и работниците. Тоа всушност ќе стане министерство кое ќе ги вклучува двата сегмента,мора да го штити интересот на работодавачот, но и интересот на работникот. Ова е новина, бидејќи сите информации, сите барања ќе бидат вкрстени и ќе дојдат до министерството и одлуките ќе бидат подобри и посоодветни за двете страни и за работодавачите, но и за правата на работниците. Тој фонд е во рамките на владата, односно ќе се користи во следната календарска година која ќе послужи за агенцијата за вработување, која ќе биде во рамки на Министерството за економија за разновидна поддршка на млади до 29 години, кои ќе треба да бидат претприемачи за правата на работниците. Во консултација со економските комори, со владата, со работната сила и со претприемачите, правејќи ја нормалната финансиска анализа одлуката ќе биде попогодна или мерките што ќе се преземат посоодветни за подобрување на условите на работниците, за подобрување на нивната плата и истовремено за поддршка на компаниите кои ќе го зголемат бруто-домашното производство. Дури и во минатото, ова можеше да биде вака. Но тоа беше друго министерство и потребна беше комуникација меѓу министерствата, да се донесе одлука или конкретна мерка за двете страни. Сега тие ќе бидат во рамките на министерството, каде порано Министерството имало посебен акцент посебен фокус за енергетиката, знаете дека енергетската криза што помина претходните години, и претприемачите беа маргинализирани поради причината што не бил фокусот кај нив.
Сега овие сектори и со додавање на труд, фокусот ќе биде кај нив, но исто така ќе има соединување на две компоненти кои се поврзани една со друга. Уште сме на почеток. Сега сме во втората недела од мандатот, конкретно 9-от ден по ред и се уште немавме средби,освен со Стопанските комори, а набрзо ќе стапам во контакт и со синдикатите кои имаат барања и во Економско-социјалната комисија со која јас ќе раководам, веднаш по барања на синдикатите и барањата на работодавачите ќе ја отворам како тема пред комисијата а потоа и во Влада за да ги видиме можностите и формата како да стигнеме до таа точка со цел да бидат задоволни обете страни. Имено, повеќето од вработените беа на годишни одмори. Факт е дека повеќе години се менаџира од кадри на ДУИ, како и да е во рамки на Министерството без разлика на политичките убедувања јас на првиот состанок со вработените реков дека ќе ги поделам во тие што работат и тие што не работат, а не на етнички или политички основи. Сите они кои ќе му служат на министерството, или одлуките во министерството ќе бидат во корист на граѓаните за мене ќе бидат оценети и сите оние кои нема да работат нормално дека ќе се преземат мерки со цел да се поттикнат за да работат. Има дистанца но со време верувам дека ќе стапи во функција. Доле на прес конференција реков дека ќе побарам од Државниот завод за ревизија да направи детална ревизија во Министерството за економија од 2015, ме праша новинарот дали тоа го правите за поранешниот министер и му реков дека не ги делам кој бил или од која политичка партија, сите оние кои ги злоупотребиле државните институции треба да одговараат пред правдата и органите на правда. Во 2015 година имаше последна ревизија и од тогаш до сега немало. Ќе направиме детална ревизија, а потоа ќе постапуваме.
Од тоа што сум информиран од кабинетот дека имало јавен оглас што е дел од секторот енергетика бидејќи порано енергетиката беше дел од министерството, документите се процесирани, елаборирани и обработени од секторот за туризам. Сме виделе вакви пропусти кои нормално како што реков, ревизијата треба да ги разгледа апликациите и формите како биле процесирани. Нормално ќе се консултирам, иако има правници во мојот кабинет, но ќе се консултирам и со надворешни правници да видиме што ќе правиме со тоа што сме го затекнале и сме виделе дека има показатели за вакви злоупотреби.
Се наоѓаме пред ребаланс, до утре најдоцна треба да го подготвам ребалансот за да го доставам до Министерството за финансии, ќе се гласа во Влада и после ребалансот сите тие процедури каде нема показатели за злоупотреби, се во редовна форма и ги исполнуваат сите законски начела, ќе се објават и ќе бидат достапни за граѓаните а таму кај што ќе видиме дека има злоупотреба кои се косат со законот на Р. Северна Македонија, се разбира ќе се одбијат и ќе се поништат.

Advertisements

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button