ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за финансии даде согласност за вработување во градинките на општина Арачиново и Липково

Министерството за финансии даде согласност за вработување во градинките на општина Арачиново и Липково

Министерството за финансии даде согласност за вработување во градинките на општина Арачиново и Липково. Ова го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, кој не даде подетални информации за колку вработувања се работи.

Advertisements

Градинките во Ликово и Арачиново веќе неколку месеци се подготвени да примаат деца, но не функционираат бидејќи немало согласност за вработување на кадар. Во градинката „Фатосат“ во Арачиново се очекува да бидат сместени 115 деца и покрај тоа што листата на чекање ја надминува оваа бројка. Исто така, во градинката „Валбона 2001“ во Липково се очекува да бидат сместени 115 деца поделени во 6 групи. Оваа градинка има и кујна, која ќе ја опслужува градинката „Резја“ во село Оризаре и уште една градинка што се планира да се изгради меѓу селата Љојане и Ваксинце./Алсат.мк

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button