Министерството за финансии игра со јавноста со Законот за игри на среќа
Министерството за финансии игра со јавноста со Законот за игри на среќа

Ниту писмена изјава, ниту изјава пред камери. Министерството за финансии неколку дена по ред не наоѓа време за Алсат. Не даваат одговор дали ќе ги повлечат измените на Законот за игри на среќа од собраниска процедура за да се подготват нови. И денеска молк од Министерството за финансии за прашањата на Алсат за предлог-законот по негативните реакции од шефот на државата Пендаровски и неговиот австриски колега, за повлекување на законот и изнаоѓање ново законско решение, а во исто време, европското знаме за брзо носење на законите, да не се злоупотребува.
Вратите на Министерството за финансии се отворени, но не и за медиумите. Веќе еден месец не зборуваат со ниту еден медиум за да кажат дали ќе го повлечат предлог-законот за игри на среќа, кој во моментов е во собраниска процедура со европска ѕвезда. Не се знае дали по реакцијата на претседателот ќе се направат соодветните измени за да нема полемики околу овој закон.
Пред повеќе од еден месец до Собранието беа доставени предлог-измените на Законот за игри на среќа. Според информациите на Алсат, измените го отвораат патот за влез на компанија од Србија во овој бизнис. Во моментов нема информации дали предложениот закон ќе биде повлечен бидејќи Арбр Адеми, кој е претседател на Комисијата за европски прашања, исто така не одговара на повиците на Алсат. Пендаровски на средба со австрискиот колега Ван дер Белен порача да не се злоупотребува европското знаме при носење на вакви чувствителни закони. Според австрискиот претседател, потребно е Собранието на Македонија да го најде вистинскиот начин. Тој истакна дека решението треба да биде по европски стандарди и за овој закон да не се користи знамето на ЕУ. Пендаровски пак, предложи да се организираат јавни дебати за да се дојде до решение прифатливо за сите страни./Alsat.mk
Подготви: Аднан Ќаили