ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за финансии молчи за барањата на Пендаровски и Дер Белен за коцкарниците

Ниту писмена изјава ниту изјава пред камери. Министерството за финансии неколку дена по ред не дава одговор дали ќе ги повлече измените на Законот за коцкање од собраниска процедура за да подготви нови. И денеска јавноста не доби одговор од министерството ниту за реакциите на шефот на државата Пендаровски и неговиот австриски колега Александар ван дер Белен за повлекување на законот и изнаоѓање европско решение. Исто така беше побарано да не се злоупотребува европско знаме со кое еден закон може побрзо да биде ставен на гласање.

Advertisements

Министерството за финансии повеќе од две недели не најде време да се произнесе за измените во предлог-законот за игрите на среќа кој е во собраниска процедура и е ставен со европска ѕвезда за да ги помине филтрите на Собранието по брза постапка.

Измените беа доставени во Парламентот пред повеќе од еден месец. Според информации на Алсат, измените го отвораат патот за влез на компанија од Србија во овој бизнис. Во моментов нема информации дали предложениот закон ќе биде повлечен бидејќи Арбер Адеми, кој е претседател на Комисијата за европски прашања, не одговара на повиците на Алсат.

„Во измените, освен што се бара објектите на обложувалниците да бидат оддалечени најмалку 500 метри од образовните институции, предвидени се и повисоки државни давачки за компаниите од овој бизнис“, се наведува во предлог-законот.

Инаку, Пендаровски по средбата со австрискиот колега Ван дер Белен изјави дека европското знаме при донесување на вакви чувствителни закони не треба да се злоупотребува. Според австрискиот претседател пак, потребно е Собранието да го најде вистинскиот пат. Гостинот истакна дека решението треба да биде по европски стандарди и за овој закон да не се користи знамето на ЕУ. Пендаровски пак, предложи да се организираат и јавни дебати на оваа тема за да се дојде до решение прифатливо за сите страни.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button