Министерството за образование сè уште нема одговор на ултиматумот од Унијата на средношколци

Министерството за образование го разгледува ултиматумот на Унијата на средношколци наставата во сите училишта во земјава да се одвива на комбиниран начин. Но, од овој ресор велат дека одлуката не зависи само од нив дали од 1 октомври ќе се учи само „онлајн“ или и со физичко присуство од 4 до 9 одделение како и во средните училишта. Според нив, последниот збор треба да го каже Владата.
„Во моментов сите училишта се подготвуваат да ја започнат учебната година на 1 октомври. Со физичко присуство тие ќе започнат од прво до трето одделение. Сите други училишта, кои нема да ги исполнуваат условите утврдени во наставните протоколи, ќе го развиваат образовниот процес преку „онлајн“ платформи, наведуваат од Министерството за образование.
Досега, Специјалната владина комисија прими 36 барања за развој на настава со физичко присуство, вклучително и 15 средни училишта и 21 основни. Комисијата ќе го разгледа секое барање во рок од 7 дена, но велат дека последниот збор ќе го даде Комисијата за заразни болести.
„Нашите препораки секогаш ќе бидат во согласност со епидемиолошката состојба во земјата, која се следи на дневна основа. Во зависност од тоа, ќе се најде најсоодветно решение, со постигнување рамнотежа помеѓу развојот на наставата во училиштата и јавното здравје“, велат од Комисијата за заразни болести.
Овие ставови на образовните органи и на здравството дојдоа по постојаните барања на здруженијата на ученици, кои бараат или комбинирана настава или бојкот на учебната година. Во земјава има 987 основни училишта и 132 средни државни училишта, но враќањето во училишните клупи зависи од текот на пандемијата наесен.
Аднан Ќаили