ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за образование се уште нема донесено одлука за судбината на училиштето во Нерово

Министерството за образование се уште нема донесено одлука за судбината на училиштето во Нерово

Министерството за образование нема конкретна одлука за тоа кое ќе биде решението за случајот „Неровo“. Министерката Весна Јаневска повтори дека изградбата на новата училишна зграда е направена незаконски, додавајќи дека ќе ја разгледа можноста за реконструкција на постојниот објект каде настава веќе посетуваат над 120 ученици. Јаневска рече дека во вторник тим од МОН ќе го посети ова село за да ја види одблизу состојбата на постојниот објект и дали може да се реконструира. Јаневска рече дека веќе започнала писмена комуникација со раководните лица на Општина Крушево, но досега не добила одговор.

Advertisements

Во меѓувреме, градоначалникот на Крушево, Тони Христоски, ја демантира министерката за образование, Весна Јаневска, додавајќи дека не иницирала никаков вид комуникација за случајот со училиштето во Нерово. Христоски дури ја потсети Јаневска дека и постојната училишна зграда има нелегален статус.

Над 120 деца од основното училиште „Никола Карев“ од село Нерово, Општина Крушево околу две недели ја бојкотираа наставата поради несоодветните услови за учење и барањето на родителите за легализација на новата училишна зграда изградена од жителите на селото./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button