ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за одбранадобило опомена од инспекторатот за јазик,

Министерството за одбранадобило опомена од инспекторатот за јазик,

Министерството за одбрана добило опомена од инспекторатот за јазик, по што побарало дополнителен рок за подобрување, но се пробил и рокот – обвинува Алијанса за Албанците, повикувајќи се на записникот на Инспекторатот за употреба на јазиците, со кој, како што рече пратеникот Халил Снопче, на министерство му е дадена опомена за непочитување на Уставот и законите.

Advertisements

„Министерството за одбрана ја прифати забелешката на Инспекторатот за употреба на јазиците, но бара продолжување на рокот за три месеци за да може да се вметнат измените. Тримесечниот рок помина на 3 јуни годинава односно пред месец и половина, а Министерството за одбрана сè уште не презема ништо и се прави дека не е свесно за овие одлуки“, рече Халил Снопче, Алијанса за Албанците.

Од Министерството за одбрана потврдуваат дека добиле забелешки од Инспекторатот, но потенцираат дека постапиле врз основа на тие забелешки и континуирано работат на унапредување на правата на граѓаните.

„За дел од забелешките на инспекторатот за имињата на трите сектори за одбрана, продолжуваат постапките, како и постапката за ангажирање дополнителен персонал, преведувачи на албански јазик во Министерството за одбрана”, велат од Министерство.

Во информацијата на Инспекторатот во мај годинава е истакнато дека Министерството за одбрана побара дополнително време поради потребата од ангажирање преведувачи.

Инспекторатот најавува дека наскоро ќе има контролен надзор во оваа институција, за констатирање на моменталната фактичка состојба. Директорот Фатмир Исени објаснува дека доколку не се земат предвид забелешките, тогаш започнува казнената постапка.

„Доколку не преземат нешто и ги игнорираат опомените од инспекторатот, тогаш започнува постапката за казнување на таа институција… Казните според законот за употреба на јазиците се од 4000 до 5000 евра и 30 проценти од сумата упатена до раководителот што ја води институцијата“, изјави Фатмир Исени, директор на Инспекторатот за примена на јазиците.

Предлог законот за Армијата, во моментов е во матичната комисија. Од Алијанса за Албанците нагласуваат дека во Законот нема член кој предвидува употреба на албанскиот јазик во Армијата./Alsat.mk

Ајнур Бафќари

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button