ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за правда побара од турските власти Палевски да биде задржан во притвор сѐ до завршување на постапката за екстрадиција

Министерството за правда информира дека од надлежните турски власти побарале Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, да биде задржан во притвор поради екстрадиција сѐ до завршувањето на постапката. Оттаму велат дека очекуваат Турција веднаш да постапи по нивното барање.

– Министерството за правда денеска во 09:20 часот доби официјално известување од Интерпол, дека лицето Љупчо Палевски, баран со меѓународна потерница е лишен од слобода во Турција. Министерството за правда ја отпочна постапката за екстрадиција и ги прибира сите документи од институциите кои се потребни за нејзина реалзиација. Направени се контакти со ЈОРСМ и ОЈО Скопје за да се комплетираат уредно списите како би можело Министерството за правда да постапува. Во координација сме со сите засегнати институции за да постапиме веднаш и нема да чекаме да измине рокот од 40 дена за да го доставиме барањето за екстрадиција, стои во соопштението од Министерството за правда.

Како што образложуваат, во постапката треба да ги примат списите, да се изготви барање за екстрадиција, сите документи треба да се преведат на турски јазик, (ОЈО ги преведува своите, а Министерството за правда барањето за екстрадиција) и се праќа по ДХЛ (претходно по електронски пат преку ИНТЕРПОЛ).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button