ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за правда подготви нов предлог-закон за помилување

По острата реакција на јавноста со барања за помилување од осудените за случајот „27 април“, односно за упадот во Парламентот во 2017 година, Министерството за правда подготви драфт на новиот закон со кој ќе се регулираат многу прашања. За прв пат, предлозите за помилување ќе поминат претходни филтри, пред да стигнат кај претседателот на државата. Тоа досега го немаше. Според појаснувањата, во новиот закон:

Advertisements

Предлог-закон за помилување:

Претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. Комисија во рамките на Министерството за правда која подготвува писмено образложено мислење за молбата кое Министерството за правда заедно со извештајот за молбата, ги доставува до Претседателот.

Се скратуваат роковите за секоја институција вклучена во постапката за помилување.

Предвидена е и одговорност за лицата кои ќе работат на овие предмети, но и нивните раководители, како што се министерот за правда, членовите на комисијата за помилување, како и директорите на казнено-поправните установи.

Со овие измени, комисијата на Министерството за правда, која до вчера не ја вршеше својата работа и улога, сега ги има овие обврски дефинирани со закон, вклучително и рокови за разгледување на предметите кои му се испраќаат на претседателот. Од друга страна, шефот на државата нема да може да помилува лица кои се под истрага или кривично гонење, како што се случи со поранешниот претседател Иванов за предметите што ги разгледуваше Специјалното обвинителство. Исто така, нема да може да помилува групно, туку само поединечно, со разгледување една по една молба.

Последната реакција на јавноста во однос на помилувањата дојде кога на списокот беа додадени имиња како Нинџа, Бобан Илиќ, Сеад Кочан. Министерството за правда тогаш образложи дека нејзината комисија наводно немала право да ги разгледува предлозите, туку само да ги испрати во пакет кај претседателот на државата. Сепак, Министерството го повлече списокот. За прв пат по независноста на С Македонија, претседателот не го искористи своето право на групно помилување, што доведе до иницирање на нов нацрт-закон. Во моментов се чекаат мислењата на кабинетот на претседателот за потоа предлог-законот да биде пуштен во собраниска процедура.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button