ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за правда подготвува нов допис за екстрадиција на Груевски

Министерството за правда подготвува нов допис за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски од Унгарија, најави министерот Кренар Лога.

Advertisements

Министерот нагласи дека во образложението на барањето за екстрадиција ќе пишува дека Груевски казната ќе ја одлежува во т.н. „хашките ќелии“, кои ги исполнуваат пропишаните услови, од причина што азилот во Унгарија го добил врз основа на тврдењето дека земјава „нема добри услови во затворите за таа категорија осуденици“.

„Груевизмот нема да избега од Северна Македонија додека овој човек и луѓето околу него и тој дух не ја добијат заслужената казна. Во моментов подготвуваме писмо со барање за негова екстрадиција за девет други кривични дела, за кои тој е обвинет и има меѓународна потерница. Во горенаведеното писмо, дадов сугестија да се напише дека Северна Македонија ги исполнува условите за категоријата личност како Груевски, бидејќи истиот тој градел ќелии во притвор и во затвори, т.н. „хашки ќелии“, кои ги исполнуваат сите стандарди и верувам дека со овие докази ги исполнуваме стандардите за неговото третирање како специјален затвореник и сметам дека треба да биде екстрадиран од Унгарија, рече министерот Лога во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button