Министерството за транспорт и врски соопшти дека ќе постапи во согласност со законите во врска со дивоградбите во Старата чаршија

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски сè уште не е информиран за извештајот што ги потврдува неправилностите за повеќе градби во скопската Чаршија. Наодите што Алсат ги објави вчера се на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.
Алсат разговараше со сопствениците на објектот на поранешна Менада, за кои во извештајот на Инспекторатот се вели дека е направена надградба што треба да се урне. Но, сопствениците велат дека сè е направено според законските норми и тие не направиле надградби.
Сопственик на обејтк
„Сè што е во објектот е реконструирано според нормите на Законот, Инспекторатот само забележа дека терасата е покриена со подвижни алатки кои се неопходни за безбедноста на граѓаните кои поминуваат во близина на зградата.“
По бројните реакции во јавноста, пред осум месеци Владата го задолжи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши проверки во Старата чаршија. По извршените проверки, вчера Инспекторатот ја извести Владата дека открил неправилности во изградбата на пет згради, од кои во три бара да се урнат делови од нив, додека за две згради постапките се во тек. Но, Владата не го разгледа извештајот на последната седница одржана во вторникот. Општините на чија територија е Стара чаршија, општина Центар и Чаир велат дека не се надлежни за дивоградби.
Mefail Ismaili